Бети Котовчевска не е ниту јавна личност, ниту естрадна ѕвезда… Таа е млада девојка, инфлуенерка чиј Инстаграм за две години го следат над десет илјади следбеници.

Но, Бети или „Бетика“ по прекарот по кој што е позната, има необична страст и уште поневообичаена креативна страна која решила да ја прикаже со фотографирање на своето голо тело на локации кои зрачат со природна убавина во неовообичаени временски услови…

И кога сонце грее и кога врне и кога снегот вее, Бетика не бира… Зашто ниту едно годишно време не може да ја спречи да се фотографира. И тоа разголена, по бикини или топлес, покрај или во студените води кога во нив среде зима се капе и позира разголена на снегот или крај брегот… Или како што самата знае да се претстави: „Јас сум сѐ шо можеш да замислиш, и никогаш не би ти дошло на крај памет“!

Оваа млада девојка оддамна покажа дека имунитетот знае да го буста на студено, во екстремни услови… Сите се фотографираат како сирени на брегот, само на Бетика и е позабавно да биде ноќна сирена на снегот… И тоа среде ЗИМА во декември во костим за капење.

На Бетика студеното и прија и годи, па затоа не се срами да го покаже она најдоброто од себе, што го има…

Иако родена во лето, очигледно обожува зима!

Оваа разголена убавица својот еликсир на младоста не само што кажува, туку и сликовито покажува дека го црпи од природата.

А, Македонија со таква изобилува, па затоа Бети често ги ползува природните убавини за своите разголени видео и фотосеанси.

Така например, првомајското топлес езерско капење во ПРОЛЕТ е еден од оние нејзини ритуали, во кои македонската инфлуенсерка колку и да е студена водата, покажува колку умее да биде во содејство со природата.

Оваа необична девојка, која ужива во сопствената слобода, на себе ја има можеби најнеобичната тетоважа што некогаш на некого сте ја виделе.

Без никакви филозофски пораки ниту уметност, едноставна, со четири кирилични букви испишани над градите во еден збор што живот значи: „Диши“ – го истетовирала неодамна „Бетика“ своето животно мото!

Штом дојде ЛЕТО и вообичаените жештини, кои очигледно не и пријаат, Бетика својот спас го наоѓа во дождот… Тогаш и е најубаво да влезе и да се искапе топлес во езеро…

Во случај долго да не заврне, планинскиот водопад е местото каде бистрите и студени изворски води се она нешто што нејзиното тело најмногу му годи!

Како дете на природата на оваа млада Македонка очигледно не и пречи ниту едно од четирите годишни времиња да го восприема она што најмногу го посакува и во што најмногу ужива… А ако знаеш што сакаш, по кој пат да чекориш, патот е лесен… Таа и нејзината разголена телесна убавина споделена и во ЕСЕН… Или поточно во прекрасниот септември.

Сепак, снежната ЗИМА е нејзиното омилено годишно доба… А со неа Бети реши да гу урне сите табуа, заблуди и стереотипи за студот, ладната вода и здравјето. За да докаже дека се е во главата, во умот во мислата… За да докаже дека се чувствува жива во секој допир со студената вода. Затоа Бети реши да сними видео во Битола на место кое го нарекуваат Дихово, Капејнци…

Па се соблече топлес и гола влезе во студената планинска вода, од која излезе, здрава, освежена, влажна и наежена…

Зашто научила правилно да дише во еден ист здив со природата!

И после се’, како што самата вели: „Бетика ќе си останит Wild and Free, без големо ниво на пич*обол какво имагинативно мислење имаат другите за неа.

Впрочем ова е мојот еден и единствен живот кој што го живеам и ќе го живеам како што јас си имам замислено како што јас си љубам, а со моето катче решив да оставам еден белег на мојата уникатност. На една мината, сегашна и идна Бетика. Сите сме посебни и единствени. Баш затоа треба да си живееме како што ние сметаме дека е правилно за самите себе“.

А нејзиниот профил, како што самата ветува, ќе е исполнет со уште многууу (љ)убавина, природа, едукација, патувања, изгрејсонца, зајдисонца, живост, планини и убајни од НЕА и нејзиниот телесен раскош во сите четири годишни времиња среде нашата мила мајка природа“. Quattro stagioni toples natura!