Окружното јавно обвинителство во Бјелина (Босна и Херцеговина) нареди обдукција на телото на Александра П.(23) од областа Шабац (Србија), која беше пронајдена мртва во мотел во Бјелина, но резултатите се уште не се достапни на јавноста.
По повик во полиција, упатен на 28 мај во 2.45 часот утрото, нејзиното тело било пронајдено обесено во мотелот „Милошевиќ“, во центарот на Бјелина.
Оттогаш до денес нема информации дека некој е уапсен или осомничен и дека можеби е инсценирано бесење на младата девојка, која била во мотел со момчето, со кое, според нејзиниот татко Рајко, била во врска долго време.
Во Полициската управа на Бјелина за „Новости“ рекоа дека нивни службеници за настанот поднеле пријава до надлежното обвинителство од каде наведуваат дека за овој случај засега не се води постапка.
Итната помош на Здравствениот дом во Бјелина можела само да констатира смрт на девојчето, па засега останува мистерија како и зошто дошло до трагедијата.
– Ништо не укажуваше на тоа дека може да крене рака кон себе, рекол таткото на Александра.
Нејзиното момче рекло дека кога се разбудил видел дека ја нема, а потоа се шокирал кога ја нашол обесена во бањата. Наводно ништо таа вечер и претходните денови не навестувало дека Александра ја мачат црни мисли.
Be the first to write a comment.