Лила Филиповска ги засени сите со раскошниот зелен фустан на Макфест.
Лила се појави како еден од презентерите-гости на фестивалот и прикажа како изгледа еден комплетно осмислен сценски изглед, концепт по кој партнерството ЕЛЕНА ЛУКА-Лила стана препознатливо, а се должи на сериозна професионалност на која ние многупати сме посведочиле.
„Вака изгледам благодарение на ЕЛЕНА ЛУКА и нашето долгогодишно пријателство”, одговори Лила на комплиментите.
Елегантен, со совршено дозирана екстравагантност, фустан со смарагден сјај и атрактивен крој – за совршен впечаток на фестивалската сцена.
-Макфест е фестивал на мојата рана младост. Ова го кажувам искрено од срце, тоа е една голема вистина и драго ми е што на овој начин можам да учествувам да се потсетам на некои убави времиња. Можеби најубавите македонски поп песни кои јас ги сакам, се излезени токму од Макфест и слободно можам да кажам еден од моите омилени фестивали”, изјави Лила за fashionel.mk.
Be the first to write a comment.