Дарко Лазиќ повторно се жени! Така барем самиот откри во видеото објавено на неговиот инстаграм-профил.

Имено, контроверзниот пејач веќе некое време ужива во врската со новата девојка Катарина, која не ја крие од јавноста.

Со неа ужива во секој миг од животот, па нема нешто што не прават заедно, од шетањето, вежбањето во теретана, па се’ до одењето на неговите настапи.

Овој пат, вљубените гулапчиња објавија видеоснимка во која се гледа како се стокмиле за излегување.

Интересно е тоа што додека ја бакнува во вратот, Дарко ја ословува со „слатка мала женичка“. Многумина помислија дека со тоа ја најавил нивната свршувачка, а дали овој пат и ќе излезат пред олтар заедно, или повторно ќе пукне тиквата како што беше со претходнитедве свршувачки, времето ќе покаже.

Инаку, Дарко неодамна откри дека таа го довела во ред, редовно вежбал, се смирил, па тоа е причина плус и да се ожени… повторно! Тој беше во брак со колешката Ана Севиќ со која ја има ќеркара Лорена (8), потоа се сврши со Марина Гагиќ со која го има синот Алексеј (3), а пред врската со Катарина, која е неговата „слатка мала женичка“, беше свршен со колешката Барбара Бобак.