Косовски полицаец се оженил за девојка која ја запознал така што додека бил на службена должност ја запрел со автомобилот и ѝ пишал казна о 2.000 евра.

Девојката со име Дорунтина во придружба на татко ѝ и брат ѝ била придрижувана до олтарот да ја круниса љубовта со Едмонд. Свадбата на отворено секогаш има свои опасности, а она што за сите се надевале дека нема да се случи, сепак се случило.

Имено, како што јавуваат ксовските медиуми, извесен период снемало струја, но тоа не ја спречило свадбената веселба и се продолжило да се пее и да се игра.

Едмонд по професија е полицаец и парот се запознал по казната од 2.000 евра која ѝ ја изрекол на Дорунтина.

📸