Учителката Патриша Браун од Атланта наишла на критики од колегите и надредените поради нејзината непримерност во училиштето во кое предавала.

Имено, нејзините фотографии објавени уште во 2016 г. на нејзините профили на социјалните мрежи, покренале лавина проблеми 6 г. подоцна, со оглед на тоа што наместо нејзиното знаење и достигнувања, во фокусот се нашле нејзините облини и провокативната облека.

Таа толку редовно позирала што му пречело на директорот на училиштето во кое била вработена. И покрај објаснувањето дека фотографиите се објавени многу порано, тој младата наставничка ја отпуштил без многу објаснување.

Патриша, пак, тврди дека не гледа ништо непристојно во облекувањето и дека си ја сака професијата и работата со деца. Како што вели, сака да се дотерува, и дека објаснувањето за отказот, според кое е „премногу секси“ за да работи со малолетници, е крајно бизарно.

Иако добила отказ, брзо нашла нова работа и преминала во друго училиште.

Приказната на Патриша го обиколи светот откако професорката по уметност Роксана Дијаз од Њу Џерси беше мета на напад поради начинот на облекување и позирање на социјалните мрежи.

Таа на своите фотографии се појавила и во тесни фармерки и фустани кои ги истакнуваат нејзините облини, а поради тоа наишла на вербални напади од своите придружници, но и од родителите на децата кои го посетуваат училиштето во кое била вработена.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸