Снежна бура завеа западни делови од американската сојузна држава Њујорк, вклучувајќи го градот Бафало. Поради невремето, откажана е наставата за повеќе од 32.000 ученици.

За време на викендот се очекува да падне повеќе од еден метар снежна покривка во Бафало и на други региони во западниот дел на државата Њујорк.

Во округот Ири, што го опфаќа градот Бафало, прогласена е вонредна состојба и забрането е возење, освен во итни случаи.

Училиштата во Бафало ја откажаа наставата за над 32.000 ученици, а натпреварот во американски фудбал меѓу локалните Бафало Билс и Кливленд Браунс беше преместен во Детроит.

Нивото на снег во некои области е 1,5 метри. Официјални лица и експерти предупредуваат дека оваа бура има потенцијал да биде историска, дури и за регионот Бафало каде обилниот снег е вообичаен во зимските месеци, пренесува CNN.

Викендов се очекува да продолжат врнежите.

📸

📸

📸

📸

📸