Шокантни слики се појавија во јавноста од приватна болница во Токат, Турција, каде медицински лица нанесуваат екстремно насилство врз пациент прикован за кревет, затворајќи му ја устата и стискајќи му го вратот, додека тој лежи во кревет немоќен да се заштити.

Застрашувачкиот инцидент се случил пред околу пет месеци во приватна болница која работи во градот Токат – во северна Турција – главен град на истоимената провинција во регионот на Црното Море.

На сликите што неодамна протекоа на интернет, може да се видат две медицински лица како стојат со пациент во болничко одделение. Во еден миг се покрива беспомошниот човек со чаршафот и со стискање на неговото грло и затворање на устата се прави обид да му се блокира респираторниот тракт.

Според новинската агенција Ихлас, инцидентот се случил на 6 јули во приватна болница во градот. Пациентот бил жител на Франција и додека бил во градот, ненадејно доживеал мозочно крварење и најпрвин бил пренесен во Државната болница, а оттаму бил препратен во приватна установа, каде што се лекувал на одделението за интензивна нега.

Бидејќи било невозможно роднините и посетителите да контактираат со него внатре во одделението за интензивна нега, имачп камери поставени надвор од одделението за да можат да го видат. Така, роднините на жртвата одеднаш ги виделе двете медицински лица сестри како се обидуваат да му нанесат штета и да му го загрозат животот.

Роднините веднаш тргнале по законскиот пат против медицинските лица со пропишаните законски процедури за нивно примерно казнување. Поднесоа тужба до Министерството за здравство и уште една кривична до Обвинителството во Токат, иако првично имаше обид за прикривање на случајот. И двете медицински лица добија отказ.

„Имав мозочен удар. Во Државната болница дојдов со брза помош. Останав 3 дена и потоа ме префрлија во болницата Медикалпарк. Таму останав 13 дена. Имав насилство. Низ што поминав дознав откако се вразумив и ги изгледав видеата. Душата ми е скршена. Се пожалив, но ништо не излезе од тоа. Има одлука да не се процесира. Беше кажано дека нема докази. Го заташкаа случајот. Ќе ја продолжам мојата правна борба. Што и да треба да се направи, направете го. Се обиде да ме задави. Се обидоа да ми ги извадат очите. Ме удираа по нозете. Пријавивме во Министерството за здравство. Очекувам одговор, бидејќи ми кажаа „нема докази““, изјавила жртвата според извори на новинската агенција Ихлас.

Министерот за здравство Фахретин Коча ги осуди дејствијата објавувајќи на социјалните мрежи:

„Снимката наводно снимена во болницата Медикал Парк во Токат, на која се гледа пациент малтретиран од некои вработени е тажна и неприфатлива. Нашето министерство веднаш покрена истрага во соодветната болница. Никој не треба да се сомнева дека ќе се направи потребното“.