Македонскиот борец и тренер во боречките спортови, Ристо Димитров – Чурино, кој работи во Оман, се подготвува да собори рекорд во издржливост – маратонско трчање и совладување препреки и сето тоа за 2 месеци на 3 различни трки, објави ipon.mk.

Тоа се трките Ал Моуј Мускат Маратон, Оман Десерт Маратон и Химам Треил Ран. Едната е во грдаот и е долга 26 километри, после 3 недели треба да се поминат 160 км низ пустина за 4 дена, а по 2 недели пак 70 км, овај пат на планина.

Димитров вели дека целта е да се завшрат во најдобро време, но и дека има големи парични награди.

Тој паралелно се подготвува за борби и дека одбил некои понуди.

📸

📸

📸

📸

📸