Петар Стешевиќ (17), млад човек по потекло од Црна Гора и неговиот најдобар пријател Н.Ш. (18) од месноста Чачак, биле убиени во понеделникот на 300 метри од куќата во која живеел Петар со семејството.

Двете млади момчиња беа убиени во понеделникот во Копенхаген кога од засега непознати причини биле нападнати од друга група млади момчиња. Еден од убиените тинејџери е Петар Стешевиќ (17), кој бил прободен во срцето од негов врсник, 17 годишен Пакистанец.

Петар е роднина на пејачот Бојан Рајовиќ.

– Точно е дека Петар е член на моето семејство. Мојата сопруга е негова тетка. Како што можевте да видите во странските медиуми, а потоа и во нашите медиуми, тој трагично почина во понеделникот. Лудо е да се зборува за тоа колку е тешко ова за нашите семејства… Верувам во вашето разбирање дека нема да навлегувам подетално за тоа во оваа прилика, особено што таткото на Петар веќе зборуваше, што секако е посоодветно. Ве поздравувам и ви благодарам уште еднаш за разбирањето. Ви благодарам на сите што испраќате пораки за поддршка и разбирање до семејството Стешевиќ и мојата Драгана, изјави Бобан.

Убиството на младиот човек се случило во понеделникот. Петар М. Стешевиќ (17), млад човек по потекло од Црна Гора и неговиот најдобар пријател Н.Ш. (18) од месноста Чачак, биле убиени во понеделникот на 300 метри од куќата во која живеел Петар со семејството.

Напаѓачите му забиле нож на Петар во срцето, додека на неговиот најдобар пријател му било пресечено грлото.