Италијанската куќа „Lazzarini Design“ за чии проекти сме пишувале и претходно, го открила спектакуларниот концепт „Pangeos“.
Неверојатното пловило во облик на желка претставува пловечки концепт којшто би можел да прими 60.000 гости и има неверојатни понуди какви што може да најдете само во луксузните ресорти ширум светот.
Сè е на едно место
Намерно споменуваме „пловечки континент“ поради тоа што името е инспирирано од спектакуларниот „Pangea“ којшто постоел во текот на палеозоикот и мезозоикот.
Овој морски џин не може да се смести во категорија јахти или крузери, а покрај 60.000 гости би имал сместување за непознат број членови од посадата.
Располага со шопинг и велнес центар, паркови, хелиодроми, пристаништа, хангари, станови и други објекти, пренесува „Autoevolution“.
Ентериерот не е откриен, што е разбирливо затоа што ваквиот проект бара многу време, а очигледно дека „Lazzarini“ е на почетокот.
Цена – вистинска „ситница“
Творците на проектот проценуваат дека градењето би траело осум години и би чинело осум милијарди долари.
Ваквото пловило со должина од 550 и ширина 610 метри не може да се состави во ниту едно познато бродоградилиште на светот, па бара изградба на посебно.
„Pangeos“ е дизајниран да плови без запирање благодарение на практично бескрајните резерви на „зелена“ енергија.
Тој би поседувал девет HTS агрегати (секој со моќност од 16.800 KS) и максимална брзина од 9,2 км/ч. Енергијата би ја добивал од брановите и соларните панели на кровот.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.