На социјалната мрежа Твитер се појави видео од моментот кога леопард се обидува да нападне куче. Куче скитник безгрижно спиело среде пат, кога од грмушките излегла дива мачка спремна да го нападне.

Наместо да побегне, кучето храбро почна бесно да лае без да направи чекор назад. Мачката на крајот сфатила дека е најдобро да се заврти и да се врати од каде што дошла.

Видеото собра над 120 илјади прегледи, а многумина коментираа дека кучето иако се бранело е видно исплашено.

„Се плаши, но се осмели да протестира, па можеби затоа преживеа. Природно е да се плашиш, но погрешно е да престанеш да се бориш од страв“.

„Нападот е најдобрата форма на одбрана“, „Ако кучето се чувствува нервозно, ќе ја држи опашката надолу, а можеби дури и ќе ја спушти меѓу задните нозе. Овде е кучето навистина исплашено и се чувствува крајно ранливо“, се дел од коментарите.