Ненадејната смрт на 26-годишната грчка полицајка, Харула Канелос, го зави во црно нејзиното семејство, како и жителите од местото Кофтра Аналипсиос во Нафпактос од каде потекнуваше младата полицајка.
Несреќната девојка починала во патролното возило кога во раните утрински часови на 20 јули за време на рутинска патрола заедно со колега се чувствувала лошо и колабирала. Од сите страни стигнуваат пораките за поддршка до нејзиното семејство.
Несреќната девојка била во патрола со својат колега во области на општина Вари-Волас-Вулиагмени. Од моментот кога почувствувала дека нешто не е во ред, па додека таа паднала во патролното возило, колегата полицаец вложил значителни напори да и помогне, но безуспешно.
Веднаш ги известил претпоставените во полициската станица каде му било наложено што поскоро да ја однесе во најблиската болница.
Полицаецот без губење време ја префрлил 26 годишната девојка за само неколку минути во болницата Асклепион во Вула каде лекарите ја примиле без пулс.
Според извори од Асклепионот од Вулас, младата девојка била пренесена во болница околу 2:30 часот наутро на 20 јули без пулс. Лекарите напорно се бореле најмалку еден час применувајќи кардиопулмонална реанимација (CPR) за да ја вратат во живот, но нивните напори биле неуспешни.
Поради оваа причина сите сметаат дека е сигурно дека резултатите од обдукцијата извршена врз телото на 26-годишната девојка ќе ги расветлат околностите на нејзината ненадејна смрт.
Be the first to write a comment.