Автомобил и безживотно тело на млад човек се пронајдени покрај патот во населеното место Криваја во босанската општина Цазин. Набрзо се дознало дека се работи за дваесет и двегодишното младо момче од Цазин, Адис Бегановиќ.

– Како што дознавме, несреќниот млад човек во саботата вечерта се враќал сам со својот автомобил дома и излетал од патот, застанувајќи во каналот до него. Утрото мештаните го забележале автомобилот, а набрзо на лице место излегла полицијата која извршила увид и било констатирано дека настрадал Адис Бегановиќ од Криваја, Цазин, јавуваат босанските медиуми.

📸

📸

📸