Тинејџерката Јана Ќ. (19) е уапсена на 31 март кај Пожега откако полицијата пронашла два пиштола без сериски број, две рамки со вкупно дваесет куршуми и вага за мерење.
Како што дознаваат српските медиуми, таа била приведена во автомобил „ауди А3“ со чачански регистарски таблички откако во автомобилот била со Милан Ѓ. (25) и Ивана Ш. (33). Автомобилот бил запрен поради непрописно престигнување.
– Полицијата ги затекнала како нелегално претекнуваат во селото Пријановиќи кај Пожега, по што биле запрени во градот Гудаљ. Полицајците извршиле контрола и кај девојчето откриле оружје – вели изворот на „Блиц“.
Полицајците веднаш и го одзеле оружјето на девојката, а младите со автомобилот во кој се наоѓале се оддалечиле од местото на настанот.
Откако го напуштиле местото на настанот, Милан и Ивана биле пронајдени од страна на полициски службеницик, по што биле донесени во просториите на полициската станица во Пожега.
Надлежниот обвинител изјави дека во нивните дејствија се содржани и елементите на кривичното дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, како и кривично дело попречување службено лице во вршење на службено дејствие. Ним им е одреден и притвор до 30 дена.
При детален преглед на возилото откриени се уште два ножа и панцир, кои исто така се одземени.
📸
Be the first to write a comment.