Илија Жежов е познат македонски физиотерапевт по потекло е од Битола, кој напиша текст за Софијанова.

Еве што вели:

Луѓе вака, стварно не знам како ќе ме разберете и сфатите но сите добро знаеме која е и колку вреди Д-р Аспазија. Д-р Софијанова е човек што 24 часа е достапна.

Само еден детал ќе издвојам што мене навистина ме прави посебно горд да имам почит кон Софијанова, па слободно ако сакате критикувајте ме.
И се имам јавувано во 00 и 55 за дете-пациент, ми рече Иле тргајте се гледаме на клиника.

Да, запали кола и дојде на клиника и буквално за 30 минути средивме се за детето.

Способна и професионалец жена !!!

Нели сите сме за тоа дека медицинските лица треба да бидат платени во државата, посебно луѓе посветени и вложени со сето свое знаење.
И сега сте запнале замала толку, земала онолку…

Во нормална држава професионалец како неа и како 10 до 15 други посветени професионалци како што си ја работат работата сумата треба да биде дупла.

Ама кај нас повеќе е платен механичар отколку медицинско лице.

Место да ги бркаме, ловиме и критикуваме вистинските лопови што земаат повеќе дупло од неа, сме земале да се занимаваме со луѓе што треба да сме среќни што уште си ги имаме во државичкава.

Претеравме со критики и навреди, стварно не сме фер, а добро знаеме дека и во полноќ да имаме потреба од Софијанова прва е тука за помош…

Толку…