Неовластено купување во апликација и сомнителни игри се секогаш опасност за кои треба да се внимава кога преземате нови апликации. ФБИ издаде предупредување до сите што се обидуваат да играат игри за пари. Ваквите игри треба да се избегнуваат по секоја цена.

ФБИ предупредува дека криминалците создаваат лажни апликации за игри за да украдат милиони долари во криптовалути. Измамниците ги рекламираат апликациите како игри за заработка на пари, нудејќи им финансиски стимулации на играчите.

Како всушност функционира? Измамниците најпрво контактираат со жртвата и се обидуваат да изградат врска, а потоа ја воведуваат жртвата во игра каде што наводно може да заработите награди за криптовалути во замена за некоја активност, како што е одгледување „посеви“ на анимирана фарма.

За да учествувате во играта, криминалците ви велат да креирате паричник за криптовалути, да купите криптовалута и да се приклучите на одредена апликација за игра. Колку повеќе пари чуваат жртвите во своите паричници, толку повеќе награди можат да заработат во играта.

И тогаш се појавува проблем. Играте игра и гледате лажни награди кои се акумулираат во апликацијата. Кога ќе престанете да депонирате средства во крипто-паричникот, криминалците го празнат користејќи го малициозен софтвер што несвесно сте го активирале откако ја преземале таа игра на вашиот мобилен уред.

Измамниците потоа и кажуваат на жртвата дека можат да си ги вратат средствата со плаќање дополнителни даноци или такси, но жртвите никогаш не ги добиваат своите пари, пренесува Komando.