На крвавиот поход во кој пред 11 дена Елвир Сејфиќ со нож го уби Мирза Подбичанин и тешко го рани Суљо Плања, попознат како Суљо Домац, му претходело страшно претепување на Сејфиќ, објавуваат денеска босанските медиуми.
Протече видео од тепачката на кое се гледа како Суљо Домац и Мирза Подбичанин го тепаат Сејфиќ. Како што е снимено на видеото, Сејфиќ излегува од продавница на улицата Кемал Бегов, а потоа Домац и Подбичанин го напаѓаат.
Да потсетиме, Сејфиќ на 10 октомври, откако бил малтретиран и добил страшни закани, отишол во својот стан во Џиџиковац, земал нож и бензин и тргнал во потрага по Подбичанин и Суљо Домац. Му се заканувале дека ќе му ја силуваат и ќерката.
Сејфиќ го нашол Подбичанин кај Тржница, а потоа тргнал по Суљо Домац, кого го нашол кај Велики парк. Го ранил, а кога почнал да го полева со бензин, полицијата го запрела. Подбичанин починал од раните, додека Суљо Домац преживеа.
🔺UZNEMIRUJUĆI SADRŽAJ❗️
Objavljen snimak krvavog pira: Pogledajte kako Suljo Domac i Podbičanin premlaćuju Elvira Sejfića #crnahronika #snimak #tucnjava #sarajevo pic.twitter.com/m6q9ZjcpCL
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) October 21, 2022
Be the first to write a comment.