Јасмина Изетбеговиќ, ќерката на претседателот на босанската Странка на демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, неодамна се развела од бизнисменот Чамил Хумачкиќ, една година откако се венчаа на настан кој медиумите го нарекоа „венчавка на годината“, потврдија за Klix.ba.
Потсетуваме, Јасмина Изетбеговиќ минатата година се омажи за Хумачкиќ во Сараево, а нивни шеријатски кум беше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Шеријатската венчавка во Беговата џамија во Сараево ја изврши големиот муфтија во БиХ, Хусеин еф. Кавазовиќ, каде Јасмина пристигна во придружба на нејзиниот татко Бакир.
Граѓанската венчавка се одржа во сараевскиот хотел „Европа“ пред голем број гости од политичкиот и јавниот живот на БиХ, но и од регионот и Европа.
Иако свадбата беше затворена за јавноста, неколку дена по неа медиумите, локални и регионални, пишуваа за настанот.
Be the first to write a comment.