Алгоритмот на ТикТок понекогаш е навистина чуден, така што некои одлични видеа добиваат само 200 прегледи, додека некои чудни и прекрасни видеа добиваат милијарди.

Секојдневно се појавуваат нови трендови, а некои од креаторите на таа платформа стануваат познати со брзина на светлината.

Но, кој е најгледаниот TikTok досега? Може да ве изненади.

Најгледаното видео на TikTok му припаѓа на Зак Кинг и е илузија на темата Хари Потер. Досега има собрано повеќе од 2,2 милијарди прегледи. Објавено е во декември 2019 година, а речиси три години подоцна сè уште ја тресе оваа социјална мрежа.

„Ја одбија мојата апликација во Хогвортс, но јас сепак најдов начин да бидам волшебник“, напишал тој.

Зак Кинг е американски режисер и илузионист. Тој сега има 69,8 милиони следбеници на TikTok и има собрано 894,4 милиони лајкови. Неговото видео за Хари Потер има 19,7 милиони лајкови и повеќе од 500 илјади коментари.