Еден човек загина, а 11 лица се повредени во масовна тепачка што се случила на пазарот во бугарскиот град Казанлак. Според бугарските медиуми, една жена има скршена рака, а двајца мажи се во критична состојба.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Казанлак. Инцидентот се случил попладнево на пазарот во градот. Група мажи се степале со секири и мотики. Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот.

Околу 14 часот денеска 30-тина лица се степале на паркингот зад кооперативниот пазар.

Две групи од селата Тажа и Манолово, во општина Павел Бања, имале семејна расправија, а потоа дошло до крвопролевање.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸