Група затвореници во скопскиот затвор „Идризово“ се спречени да избегаат низ ископан тунел, откри и соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, група од најмалку осум затвореници, осудени за тешки кривични дела, од 10 години до доживотен затвор, имале намера да избегаат од најголемиот македонски затвор преку тунелот.

Се прецизира дека МВР по добиени криминални сознанија дека група од најмалку осум осуденици се подготвувала за бегство од затворот Идризово, извршила криминално-оперативни активности и проверка и информациите и резултатите ги доставила до Управата за извршување санкции. Управата, се наведува, го проверила местото посочено како потенцијален тунел и нашла „ископан тунел долг околу 40 метри“.

Поранешниот разузнавач Александар Диневски, на сојот Фејсбук профил напиша дека обидот за бегство од Идризово преку ископан тунел не е нов изум.

– Ваков успешен обид имало пред половина век кога група затвореници (6 или 😎 , доброволно ангажирани во драмската секција во затворот, ископале тунел кој почнувал под бината во салата во која вежбале драма и излегол надвор преку високите ѕидини на затворот.
Избеганите робијаши никогаш не биле пронајдени!, напиша Диневски.