Даниел Мек, еден од најпознатите светски тиктокери, ја праша Ивана Кнол што прави, а нејзиниот одговор малку го изненади. Имено, таа му кажала дека е директор, односно дека има своја фирма. Го интересираше името на нејзината компанија, а таа му одговори дека не може да му каже.

„Во која индустрија?“, праша тој. Таа ги впери рацете кон нејзиното тело и рече дека тоа е тајна.

@itsdanielmac She Is A CEO Of A Major Company? 🤯 #formula1 #entrepreneur #wealth ♬ original sound – DANIEL MAC

Секако, неговите следбеници ја препознаа Ивана како девојката која се прослави на Светското првенство во Катар. Некои корисници на споменатата социјална мрежа ја навредуваа, наведувајќи дека се занимава со „најстариот занает“ и дека може да биде само директорка Only Fans. Меѓутоа, една девојка напишала дека всушност има свој бренд на костими за капење.

По фудбалските натпревари, Ивана почна да ги следи натпреварите во бокс, кошарка и Формула 1. На една од фотографиите кои ги објави на Инстаграм таа позираше со возачот на Ферари, Шарл Леклер.

По посетата на Азербејџан, таа пристигна во Мајами. Ја следеше трката одржана во комплексот стадион Хард Рок, каде возачот на Ред Бул Рејсинг, Макс Верстапен постигна маестрална победа.