Маестро Игор Џамбазов, на социјалните мрежи си ја отвори душата и ја призна болката. Пристигнаа резултатите, вели Џамбазов, боледувам од Илинопатија.
„Ги известувам сите пријатели и следбеници дека конечно ги добив резултатите од лабораториските испитувања. Веќе два месеца боледувам од Илинопатија, во превод: Патење по Илина. Лекот за оваа болест се уште не е измислен. Чаре?“, пишува Џамбазов на социјалните мрежи.
Веќе два месеци ја нема видено својата љубена Илина, па јавно кажа колку му недостасува.
Be the first to write a comment.