Едногодишно бебе, поради висока температура изгуби свест на патот од Обреновац во Србија.

Мајката, која во тој момент се враќала со бебето од лекар, излегла од колата и беспомошно се обидела да му помогне.

Во тој момент, според снимките од камерите излезе човек од автомобилот кој возеше позади неа, и се обиде да му даде помош на бебето. Најпрво освестувајќи го, а потоа и со вештачко дишење.

Според инстаграм-профилот 192. рс станува збор за јунакот Марко Драгичевиќ, кој доби огромна благодарност од семејството за чинот и присебноста во моменти на избезуменост на мајката.