Шокантно видео кое покажува риба која се закачила за задникот на девојка ги шокираше сите. Девојката била нападната од риба ремора, која поради својот загриз често ја поврзуваат со ајкулите, но не припаѓа на тоа семејство.

Тие се жители на тропски отворени океани, но повремено се наоѓаат во умерените или крајбрежните води ако се прикачиле на големи риби кои залутале во овие области.

Како што кажува нивното име, тие се лепат за домаќинот и така преживуваат, па иако не е ајкула, воопшто не е безопасна, како што може да се види на видеото.