30 годишен Албанец со позајмен автомобил од свој 44 годишен пријателм прегази девојче во центарот на Солун, по што избегал од местото на несреќата.

Инцидентот се случил во понеделникот нешто после полноќ кога 30 годишниот албански државјанин ја удрил, тешко ја повредил и ја оставил 21-годишната студентка облеана во крв на асфалтот, во центарот на Солун.

Според информациите на грчките медиуми, полицијата го лоцирала 44-годишникот, кој дал изјава во сообраќајната полиција и тврдел дека нема никаква врска со инцидентот, бидејќи, според неговите тврдења, темно сивата Шкода била управувана во раните часови од страна на 30-годишниот Албанец, со кој бил пријателски односи и му го позајмил тој ден.

– Според информации, станува збор за 30-годишен маж со албанско потекло, кој и е познат на познат на полицијата и во изминатиот период неколку пати бил цел на полициски органи, главно за случаи на дрога. Засега сторителот не е официјално идентификуван од полицијата како возач на автомобилот, но тоа се смета за формалност и тој е осомничен за случајот. За негово лоцирање и апсење, пред да истече 48-часовната автоматска постапка, подигната е потера од грчката полиција, јавуваат грчките медиуми.

Забележано е дека автомобилот што ја прегази и тешко ја повреди 21-годишната девојка е пронајден во вторникот наутро напуштен, без регистарски таблички, со скршено ветробранско стакло и вдлабнатина од едната страна, на Солунската обиколница.

Автомобилот со кој била удрена девојката

Граѓаните кои биле сведоци на инцидентот успеале да го запишат регистарскиот број на возилото и го дале на полицијата која пристигнала на местото на настанот.

21-годишната девојка се бори за живот

Се потсетува дека сето тоа се случило нешто по 1 часот по полноќ во вторникот кога темно сивиот автомобил, удрил во младата девојка која најверојатно ја поминувала улицата.

Сцените што следеле биле ккао од филм, бидејќи граѓаните кои ја слушнале вревата излегле на улица за да видат што се случило, му викале на возачот да застане, а доставувач дури и го бркал автомобилот со мотор, кој успеал да побегне во тесните улички.

Всушност, возачот на возилото, во обид да го напушти местото на настанот, се вратил во рикверц и повторно ја згазил 21-годишната девојка, додека таа била тешко повредена на асфалтот.

Девојката во многу тешка состојба се бори за живот во болница во Солун

Несреќното девојче продолжува да се бори за живот, бидејќи е хоспитализирано во многу критична состојба и интубирано на Одделот за интензивна нега во болницата Папагеоргиу во Солун.

Од првиот момент кога спасувачите на медицинската помош пристигнале на лице место, вложиле огромни напори да ја одржат во живот, додека по пристигнувањето во болницата била подложена на низа операции, меѓу другите, на главата каде има тешки повреди.