Продавачот на магазинот „Лице в лице“, Мемет Камбер, кој вчера на неполни 20 години, почина на КАРИЛ, немал можност да прави здравствени прегледи, бидејќи немал здравствена книшка која ќе значи редовни прегледи.
Како што пишува „Лице в лице“, пред смртта тој влегол во болницата за прв и последен пат. Момчето на КАРИЛ стигнало во екстремно алармантна состојба. Сѐ укажувало на тоа дека се пропуштени години грижа и третман за шанси и надеж за извлекување.
-За жал Мемет најверојатно имал дијабет тип 1, кој што се појавува уште во детската возраст. Живеел со хипергликемија долго време, и кога достасала до енормни вредности, донесен е кај нас. Таа гликемија прави растројство на сите системи. Нашето тело работи на PH, нормално е 7,4, тој имаше вредност на киселост 6,8. Организмот не работи во кисела средина. Многу деца и сме ги спасиле во ваква ситуација, но, кај него оштетувањата беа преголеми. Кога ќе се јави кетоацитоза, пациентите се повеќе подложни и на инфекции, затоа што самиот висок шеќер во крвта е добар агар за каква било бактерија. Тоа дополнително ги влошува компликациите по системи, изјави Маја Мојсова, анестизиолог на КАРИЛ за „Лице в лице“.
Неговиот ментор од Дневниот центар за деца на улица, Филип Пепоски пак објаснува дека компликациите при вадење лична карта се случиле поради недостапноста на единствениот негов родител, пишува „Лице в лице“.
Мемет почина на 19-годишна возраст, а скопјани го познаваа од дебармаалските улици каде што го продаваше списанието.
Be the first to write a comment.