Српските медиуми пишуваат дека телото на младиот маж кое утринава околу 9:20 часот исплива кај Ада Хуја е на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит.

Форензичарите се на терен и допрва се очекува идентификација преку ДНК-анализа, а „Блиц“ ексклузивно дознава дека според она со што полицијата располага во моментов голема е веројатноста телото да е на 27-годишното момче од Сплит кое исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември.

Во џебот на фармерките е пронајден мобилен телефон, а на раката сребрен часовник, јавува „Блиц“.

Телото го пронашле морнари, а облеката (фармерки, маица и една бела патика) одговара на гардеробата која во времето на исчезнувањето ја носеше Матеј Периш.

„Се’ додека и официјално не се утврди идентитетот, полицијата нема да излегува со информации во јавноста“, велат надлежните.