Пред една недела околу 02.30 часот наутро во скопската населба Козле бил избоден скоро до смрт полициски службеник кој се враќал од работа, објави порталот хроника.мк

Според порталот, напаѓачот бил ѕверски агресивен, жртвата била бодена со боксирач на кој имало сечиво од нож, а полицаецот бил избоден скоро до смрт.

– Моментално нападнатиот почицаец е на Карил во клиничкиот центар Мајка Тереза. Неговиот врат бил пресечен, а стомакот распаран. МВР ја крие ваквата вест од јавност, а делото е убиство во обид, пишува хроника.мк.