Посетата на шестгодишно девојче на плажата во Каламаки, Коринтија, која била придружувана од нејзиниот татко, се претворила во трагедија, јавуваат грчките медиуми.
Девојчето го избегнало вниманието на својот татко и како што пренесува Korinthostv.gr, отишло на капење кое ѝ било последно. Пливач кој бил во околината го извлекол телото на несреќното девојче од морето и го донел на брегот.
– Следеа драматични моменти со несреќниот татко соочен со својата онесвестена шестгодишна ќерка. На лице место пристигнале лица од крајбрежната стража на Истмијас, додека на лице место веднаш се упатило возило на брза помош ЕКАВ со двајца спасувачи, објавија медиумите.
Тие самите направија се’ за да го вратат девојчети во живот. Шестгодишното девојче потоа било пренесено во болницата Коринт каде лекарите констатирале смрт.
Родителите на шестгодишното дете дале изјави во Капетанијата на пристаништата Истмија, каде што е преземена и прелиминарна истрага.
Be the first to write a comment.