Цените на аранжманите, но и трошоците за одмори, секогаш се актуелна тема кога сезоната е во тек.

Така, сега можете да добиете голема количина на информации за одмор во која било земја со само неколку кликови, дури и пред да отидете таму.

Така еден турист во групата „Одмор во Албанија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија од сметка од ресторан лоциран во строгиот центар на Ксамил, познато летувалиште на самиот југ на Албанија.

Имено, тој со фотографијата го напиша следново:

– Ксамил, 21.07.2022 година, рибен ресторан кај централниот кружен тек во Ксамил. 1 кг школки, 1/2 кг лигњи, 1/2 кг гамбор, две грчки салати и пијалок. Секоја препорака! – напиша тој, а цената јасно се гледа на сметката.

Сè што се јадело и испило, а списокот не е краток, го чинело 3.370 лека (1.780 денари).

Според тоа, се што платил таму овој турист вреди помалку од 30 евра односно 1.780 денари.