Навивачите на Шкендија активираа бунт против претседателот на клубот, Бесник Ибраими барајќи негово заминување од тетовскиот прволигаш, или во спротивно ќе ги објават сите „валканици“ кои се случувале за време на неговото владеење со клубот.
Шкендија утре ја чека реваншот со шведски АИК во квалификациите за Конференциската лига. Тетовци имаат и поволен резултат (1-1) од првата средба во Стокхолм, но тоа не ги спречи навивачите да го радикализираат своето дејствување токму за време на европските настапи на „црвено-црните“.
„Се молевме Еколог да влезе во Шкендија во 2013 година и сега дали навивачите заслужуваат игнорантски однос од моменталниот лојален претседател Ибраими, кој мисли дека има доволно кредити од нас. Ние имаме само една одлука – замини си што побрзо и тргни ги рацете од нашиот сакан клуб! Во спротивно ќе продолжиме со радикалното однесување и со активностите за да ја оствариме целта. Попрецизно, ќе ги објавиме сите валканици кои ги има направено претседателот во овој период додека е прв човек на клубот“ – се вели во најрадикалното соопштение досега на навивачите на Шкендија во ерата на Лазим Дестани кој откако го презеде клубот, тетовци на вистински начин се стабилизираа.
Be the first to write a comment.