Брус Вилис ја прослави 34-годишнината од првиот филм од серијалот „Умри машки“ (1988), во кој го играше детективот Џон Меклејн, со посета на облакодерот „Фокс Плаза“ во Лос Анџелес.
Тој облакодер служел како локација за деловната зграда Накатоми Плаза во филмот. Вилис со оваа посета го прекрши ветувањето во филмот на Меклејн, кој рече дека „никогаш повеќе нема да му падне на памет да се искачи на толку висока зграда“.
Снимката од актерот како се потпира на оградата на врвот на облакодерот, ја сподели на Инстаграм неговата сопруга Ема Хеминг Вилис.
На крајот на март годинава, Брус Вилис објави дека ја напушта глумата поради афазија, болест која предизвикува потешкотии во обработката или изразувањето вербална и писмена комуникација.
Минатиот месец актерот беше фотографиран во Лос Анџелес со сопругата, која на својот Инстаграм профил сѐ почесто споделува спомени од неговата богата кариера.
Be the first to write a comment.