Илон Маск стана хит на Твитер откако беа објавени нови фотографии од милијардерот на јахта на Миконос. Според твитерџиите, основачот на „Тесла“ е најбелиот човек што некогаш го виделе, а се шегуваат дека парите не можат да купат сѐ на светот.

Ексцентричниот мултимилијардер Илон Маск (51) деновиве е на одмор на грчкиот остров Миконос заедно со неговата пријателка, дизајнерката Сара Штаудингер (33).

Фотографиите на кои тој заедно со Сара ужива на јахта без маица се појавија во поголем број од светските списанија.

Фотките за брзо време станаа хит на Твитер, а твитерџиите коментираа за изгледот на милијардерот кој неодамна призна дека добил близнаци со неговата вработена Шивон Зилис (36) и дека во моментов е татко на 10 деца.

Британскиот Daily Mail објави сторија со фотографиите каде го нарече милијардерот „избелениот човек“, а насловот наиде на критики кај дел од корисниците на социјалните мрежи кои го осудија медиумот дека се потсмева на телесниот изглед на Маск.

Од друга страна, пак, голем број твитерџии коментираат за испуштениот стомак и големите гради на милијардерот, а дел од нив гласат:

„Илон Моск излезе на јахта и ми го уништи денот, па сега ќе ви го уништам и вам“.

„Ова е доказ дека парите не може да ви купат сѐ што ќе посакате“.

„Мислам дека ова е најбелиот човек што сум го видела. Како никогаш во животот да не видел сонце“.