Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски вечерва во Тема на денот на Сител изјави дека смета дека ситуацијата со горивата ќе станува се полоша.

– Јас тоа што го гледам на светските берзи, ситуацијата со цената на нафтата ќе станува полоша и полоша. Многу се плашам, да не се доведеме во ситуација, во јануари или во февруари да кажуваме дека оваа цена што беше во мај и јуни беше супер, изјави Бислимовски.

Горивата поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 отсто во однос на претходно.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249 отсто, кај дизелотза 3,681 отсто, кај екстра лесното масло за 3,681 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,405 проценти.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.