Една жена откри дека веќе 6 години е во врска со 32-годишен маж, за кој конечно дознала дека е нејзин… брат. Жената ја објави својата приказна на „Редит“, велејќи дека се чувствува „чудно“ дури и кога зборува за тоа.

– Штотуку дознав дека се забавувам со мојот биолошки брат шест години и природно, се чувствувам „чудно“ поради тоа. Бев посвоена како бебе, но не знаев дека сум посвоена се додека не почнав да одам во средно училиште, вели неименуваната жена.

Таа и 32-годишникот брзо се зближиле откако се сретнале и фактот дека и тој бил посвоен ги зближил дополнително.

– Двајцата не дознавме дека сме посвоени до средно училиште и двајцата имавме среќа и имавме добри семејства, рече таа.

Жената рекла дека првпат почувствувала толку силна привлечност кон една личност и на крајот испаднало дека тоа е нејзиниот брат.

Корисничката на Редит ја открила вистината откако направила ДНК тест за да го открие нејзиното потекло.

– Дознав дека сме брат и сестра. Бев во најмала рака шокирана. Само што ја дознав оваа информација и сè уште не сум му кажала на мојот бпартнер, вели таа.

Додека била изненадена од резултатите, таа се присетила на многу луѓе кои рекле дека тие двајца „личеле како брат и сестра“.

Сега, таа се надева дека тестот бил грешка и сака веднаш да направи уште еден, бидејќи за 32-годишникот – како што вели – е „љубовта на нејзиниот живот“.