Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони предизвика бурни реакции со изјава за Владимир Путин непосредно пред општите избори во Италија во недела, пренесе ДПА.
Берлускони (85) синоќа во ТВ интервју тврдеше дека лидерот на Кремљ бил притиснат да ја нападне Украина.
– Путин беше притиснат од рускиот народ, од партијата, од неговите министри да ја спроведе оваа специјална операција, изјави Берлускони за телевизискиот канал Раи.
Берлускони е пријател на рускиот претседател и долго се двоумеше да ја осуди инвазијата по избувнувањето на војната. Тој рече дека сега „Путин падна во навистина тешка и драматична ситуација“. Според него, во февруари претставници на двете самопрогласени републики во Донбас побарале од Путин да интервенира. „Сепаратистичките републики го убедија Путин тврдејќи дека Украина ги напаѓа териториите со зголемена жестокост“, пренесе ДПА.
Be the first to write a comment.