Демонстрантите низ Иран повторно се судрија со безбедносните сили рано во петокот по смртта на млада жена во полициски притвор, а иранската државна телевизија рече дека бројот на жртвите од немирите најверојатно е 26, без да излезе со други детали.

Иако опсегот на протестите низ десетина ирански градови и населени места останува нејасен, движењето ги претставува најшироките немири од 2019 година, кога групите за човекови права соопштија дека стотици луѓе биле убиени во демонстрациите.

Иран, исто така, го попречи пристапот на интернет до надворешниот свет, според Netblocks за следење на интернет сообраќајот, заострувајќи ги ограничувањата на популарните платформи што се користат за организирање митинзи како Instagram и WhatsApp.

Водител на државната телевизија доцна во четвртокот изјави дека 26 демонстранти и полицајци биле убиени откако протестите избувнаа минатата сабота по погребот на 22-годишната Махса Амини, без да објасни како властите стигнале до таа бројка. Тој рече дека официјалната статистика ќе биде објавена подоцна.

На социјалната мрежа Твитер објавена е снимка како маж удира една жена, но набрзо потоа е совлаан и казнет од толпата. Погледнете: