Јана Тодоровиќ е една од најбогатите пејачки од српската естрада, а покрај бројните имоти кои ги поседува, таа и нејзиниот сопруг имаат љубов и кон бесни машини, а неодамна купија една за која издвоија 300.000 евра.

Иако речиси никогаш не се пофали во јавност, таа неодамна ги „привлече“ сите погледи на свадбената веселба на синот на Џани, а тоа е поради бесниот автомобил во кој влегла.

За белиот „ѕвер“ од марката „Mercedes Brabus G class“ пејачката платила дури 300.000 евра со комплетна опрема, со што е вклучена во листата на пејачи кои поседуваат најскапи автомобили.

– Таа и нејзиниот сопруг се љубители на вакви машини. Не сакаат на другите да им „паѓаат“ во очи, па го користат само во ретки прилики. Го земале со фул опрема и платиле околу 300.000 евра – открил изворот.