Синоќа кај Сремска Митровица дошло до судир меѓу воз и автомобил. Се работи за обележан премин, но во моментот на несреќата рампата била подигната, објавуваат медиумите.

Возачот на белиот автомобил најверојатно не го видел возот и почнал да ги преминува шините и тогаш дошло до судирот. За среќа нема потешко повредени, но автомобилот е целосно уништен, а материјалната штета е голема.

Делови од автомобилот се расфрлани на неколку метри од местото на несреќата и видливи се траги од масло и други течности кои истекле од згмечениот автомобил.

📸

📸

📸

📸