Кај белградската населба Гроцка на реката Дунав вечерва дошло до судир на глисер и товарен брод, а српските медиуми јавуваат дека две лица загинале.

– Според првичните информации две лица загинале, а тројца се тешко повредени, објави Телеграф.рс.

Според неофицијалните информации на порталот Жиг инфо, 38-годишниот И.Ј. од Пударци со глисер удрил во паркиран товарен брод.

Од силината на ударот на лице место починале И.Ј.(38) и уште едно женско лице, јавуваат медиумите. Се стравува дека со нив имало повеќе луѓе.

Полицијата е на терен.