Министерството за внатрешни работи информира дека двајца државјани на Косово се уапсени во кругот на касарната „Илинден“ во општина Карпош, поради сомнение дека неовластено влегле во воениот објект.
-На 05.10.2022 во 17:30 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје, во кругот на касарната „Илинден“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода J.K.(29) и Ш.E.(25), двајцата од Косово, велат од полицијата.
Лицата биле однесени во полициската станица Карпош за понатамошна постапка.
Be the first to write a comment.