Прилично тензична е атмосферата во Охрид на протестите против отворањето на бугарскиот клуб Цар Борис. „Татари, фашисти, предавници“ – извикуваат граѓаните кои се насобрани пред седиштето каде што се веат бугарски знамиња.
Во еден момент полицијата едвај успеа да ги спречи демонстрантите да го нападнат клубот. Од момент во момент бројот на луѓе расте.
Обид за апсење
Обидот за прво апсење на демонстрант во Охрид заврши со судир помеѓу полицијата и демонстрарнтите.
Мажкој фрли со предмет кон терасата каде е сместен бугарскиот клуб и каде има гости присутни на свеченото отварање, требаше да биде уапсен, но по жестоките реакции на демонстрантите, полицијата се откажа од намерата, пишува а1 он.мк.
Атмосферата во центарот на Охрид станува се потензична.
Демонстрантите се се понервозни, а пцовките доаѓаат од двете странни, како од демонстрантите така и од гостите во бугарскиот клуб каде има низа провокации.
Be the first to write a comment.