Денеска (06.10.2022) во 03.20 часот на паркинг простор на ул.„Гемиџиска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба ги лишиле од слобода С.С.(25) и М.П.(21), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „тешка кражба“ во правно лице во кое биле вработени, од каде одзеле две бакарни плочи со тежина од околу 200 кг.
Украдените предмети биле пронајдени и одземени од патничко моторно возило во кое осомничените претходно ги ставиле и ќе бидат вратени на сопственикот.
Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против нив ќе следи соодветна кривична пријава.
Be the first to write a comment.