Три малолетни лица се повредени во школски двор.

На 05.10.2022 во 15:23 часот во СВР Скопје, Е.Љ. пријавил дека во двор на училиште на улица „Серава“, едно женско лице фрлило тврди предмети и повредило двајца малолетници од Скопје и еден малолетник од с.Љуботен, скопско, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.