И додека љубовната афера за раскинувањето и причината за истотот во наводната прељуба и неверство помеѓу Антониа Гиговска и нејзинот момче, пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов добива разврска, животот тече понатаму, а со него и работата…, пишува забвниот портал Вистина.мк

Нивната е да настапуваат и пејат, па така Антониа деновиве пееше во Струмица, а Иван со своите пајташи од „Либеро“ ги забавуваше присутните гости во еден од најпознатите скопски ноќни локали.

Приказната за раскинувањето на долгата врска на естрадно-љубовната двојка испреплетена со претпоставки дека „кај што двајца се сакаат“ третиот е вишок како кога ќе упадне „Џокер во покер“, особено ако „Џокерот“ е добар пријател на посилната половина од љубовната двојка, која заради криза, досада или одмазда, во еден момент станала „тројка“… Во стварноста или барем само во естрадно – кулоарските приказни!?

Од друга страна оние кои ги следат и подобро познаваат естрадните збиднувања на домашната естрада, знаат дека двете ваеројатно најталентирани и најпопуларни пејачки од помладата генерација, Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ меѓудругото се ако не најдобри другарки, тогаш сигурно многу блиски пријателки. Тоа многупати го покажале и јавно, споделувјќи фоторафии и видеа на социјалните мрежи од нивните приватни дружења.

За да биде мистеријата поголема, а приказната за разделбата на Гиговска и нејзинот момче уште поскокотлива и позаплеткана, токму нејзината (нај)добра другарка Мартија заврши со бившотото момче на Антониа… на сцена!

Имено, на настапот на Иван и „Либеро бенд“ во елитниот скопски локал, со него на сцената пееше никој друг туку Мартија.

Како и секогаш дотерана, модерно стокмена, згодна и атрактивна, покрај вокалните способности и сценската умешност го „истури“ сиот свој сексапил на сцената

И не само тоа, туку многумина покрај одличната журка што ја направија забележаа уште нешто…

Имено, ако е се под контрола и ако навистина како што самите изјавиле дека пријателски се разделиле, логично би било таа вечер и Антониа да биде на настапот, макар само како гостинка во публиката, дотолку повеќе што на сцената пее и нејзината најдобра пријателка Мартија?! Од друга страна пак, оние што внимателно ги забележуваат деталите, велат дека Иван и Мартија зрачеле со хемија и совршено се совпаѓале и согласувале на сцената, не само вокално, туку и како двојка… До душа, само како естрадна, ама…?

Впрочем и заедно испеаните дует песни говорат за совршеното совпаѓање на двата вокала, како две сродни души… естрадни! А некако и таков репертоарот се погоди…

„Како јас без тебе, а и како ти без мене…“?

Впрочем, наскоро ќе видиме кому му доаѓаат „тешки денови“, а кому ќе му мирисаат јороговани…? Љубовни – секако!