Велат дека е најзгодната жена на светската јавна сцена. По фотографијата што синоќа ја објави на Инстаграм – дали некој ќе се сомнева?

Бразилскиот модел Изабел Гулар објави фотографија на која позира во костим за капење. Таа на оваа слика изгледа уште пожешко од порано, ако воопшто може да се каже тоа, имајќи предвид дека е секогаш во топ форма.

„Толку совршено“, „Друго ниво“, „Секогаш кога ќе го погледнам нејзиниот профил на Инстаграм, сакам да одам во теретана“, коментираат на оваа социјална мрежа. Како што можеме да прочитаме, Изабел инспирирала некои да се свртат кон вежбањето, на кое таа е посветена со години.

Некои дури ја нарекуваат „Телото“ алудирајќи на прекарот кој пред неколку децении и го дадоа на познатата манекенка Ел Мекферсон.

Има и такви кои истакнуваат дека сликата можеби е фотошопирана бидејќи Изабел на неа изгледа како барбика. Но, постои и овој коментар: „Ти си совршена таква каква што си, зошто толку фотошоп?“.

Коментарот не е целосно позитивен, но ја поддржува реченицата од почетокот на текстот.