Денеска (16.03.2023) во полициска станица во Скопје e извршен службен разговор со Виолета Ачковска, поради наведени податоци кои таа ги објавила дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, пост кој таа го објавила на социјалната мрежа Фејсбук.

Од полицијата велат дека Ачковска била повикана „со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има“.

„В.А. во разговорот појасни дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот. Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности“, велат од МВР.