Славната британска манекенка и топ модел Кејт Мос даде максимум за да ги привлече погледите кон себе на нејзината забава во Лондон во средата навечер. Модната икона на забавата се појави расположена, завиткана во црн капут.

Супермоделот од 90-тите, која денес има 48 години, од ова лето е креативен директор за диетална кока-кола. Таа го украде шоуто на забавата во проѕирен фустан кој имаше длабоко деколте.

Кејт Мос се качи на подиумот на нејзиното момче, диџејот Фет Тони, танцувајќи диво пред толпата поддржувачи.

Супермоделот ја пушти косата и ги воодушеви обожавателите додека нејзиниот светкав и проѕирен фустан ги остави нејзините гради целосно изложени додека таа се нишаше во ритамот на музиката.

Се сликаше со сите, ширеше насмевки насекаде и не престануваше да пие и да се смее. Но медиумите забележаа и една нејзина голема грешка.

Имено, кога подоцна го зеде микрофонот да зборува, се што успеа да каже е „добра вечер дами и господа“. Застана кратко, зјапаше празно, ги заборави своите зборови и направи огромна пауза за да ги провери потсетувањата на нејзиниот мобилен телефон.

За среќа, луѓето од Кока Кола беа покрај неа и ѝ помогнаа да го заврши говорот суфлирајќи и што треба да каже. Веднаш потоа таа ја напушти забавата, со што ги израдува папараците да ги фотографираат нејзините голи гради.

📸

📸

📸

📸

📸

📸